Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово утре (10.2.2022 г.), со почеток во 13 часот, ќе биде отворена изложба на слики од 29-тата Лесновска меѓународна ликовна колонија.
На изложбата се застапени триесетина дела работени во периодот од 28.6. до 3.7.2021 од страна на петнаесетте учесници на Колонијата.
Лесновската ликовна колонија е во организација на Домот на културата „Злетовски рудар“ – Пробиштип, со финансиска поддршка од Министерството за култура.
Во Куманово изложбата ќе биде поставена до 23 февруари годинава.