Дигитализација на архивата на Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

од admin_kult

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е во тек дигитализација на старата архива на Театарот „Војдан Чернодрински“. Се скенира архивски материјал, како: фотографии, плакати, исечоци од весници, создаван од почетоците на Театарот,  1950 година, до 2000 година.

Проектот е поддржан од Министерството за култура во 2021 година, со што е набавена соодветна опрема за дигитализација.

Инаку, првата одиграна претстава во Театарот „Војдан Чернодрински“ е претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Аце Михајловски. Во моментов, пак, во Театарот течат подготовките за претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе