Деветнаесетто издание на „Зимскиот салон“ во „Чифте амам“

од admin_kult

„Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ e темата на годинешното, 19-то издание на „Зимскиот салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Отворањето на оваа традиционална манифестација е закажано за утре (9.2.2022 г.) во 20 часот во Националната галерија, објект „Чифте амам“.

Селектор на годинешниот „Зимски салон“ е романската професорка од Националниот универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а во рамките на изложбата ќе бидат претставени дела на 41 македонски автор. Од страна на кураторот и селектор на изложбата „Зимски салон“, поканети се и 5 автори гости од Романија: Марија Петку Чиоибас, Мирела Траистару, Патриција Теодореску, Ралукаларија Деметреску и Река Цсапо Дуп.

Изложбата, која ќе биде отворена до 19 февруари, е во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), под покровителство на Министерството за култура, а во соработка со Националната галерија на РС Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе