Министерството за култура се стекна со ИСО-сертификат со кој се потврдува дека го применува Системот за менаџмент со квалитет во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015.
Успешната примена на овој систем за управување со квалитет значи дека процесите во Министерството за култура и квалитетните, навремени и одговорни услуги кон корисниците на услугите, односно кон физичките лица, правните лица и институциите, се во согласност со нивото на квалитет што го одредува стандардот MKC EN ISO 9001:2015.
Министерството за култура се стекна со овој сертификат, по спроведената сертификациска проверка на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015 од страна на Сертификациското тело МКС – Македонско трговско друштво за сертификција и оценување. Поседувањето на сертификат за Систем за менаџмент со квалитет значи признавање дека сите процеси и постапки што се спроведуваат во Министерството за култура, како и услугите што ги дава и ги нуди на заинтересираните страни, се во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015 и во насока кон постојано подобрување на работењето и задоволување на барањата на сите заинтересирани страни.