Драмски театар ќе ја работи претставата „Моето име е Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ

од admin_kult

Драмскиот театар од Скопје во февруари почнува со пробите за новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ и драматизација на Бранислава Илиќ. Премиерата е закажана за 26 март годинава.

Стефановски беше познат македонски драматург кој почина во 2018 година на 66-годишна возраст. Тој беше еден од најплодните и најпознати драмски автори не само во Македонија туку и пошироко во регинот, а неговите драмски текстови се играат на сцени и низ Европа.

Инаку, новата сезона во Драмскиот театар – Скопје почнува на 20 јануари со претставата „Диши“ од Дилан Мекмилан, во режија на Димче Николовски. Предвидено е да се одиграат осум претстави до крајот на јануари.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе