Во текот на овој месец ќе се преземат дополнителни превентивни мерки за заштита на архитектурата на културното наследство во опасност – црква, трпезарија и камбанарија од манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, Трескавец. Како што најавуваат од Националната установа Завод и музеј – Прилеп, предвидена е изведба на дополнителни конструктивни зацврстувања во црквата каде што по архитектонските истражувања се открија конструктивни пукнатини на лакот од сводот во јужниот брод.
– Меѓу другото, се планира изработка на дрвено скеле околу камбанаријата со изведба на привремен заштитен покрив, како и превентивна заштита на целокупниот живопис на камбанаријата – нагласуваат од Заводот и музеј – Прилеп.
Активностите се предвидени со Годишната прогрaма за проекти од национален интерес од областа на заштитата на културното наследство на Министерството за култура за 2021 година.