По пет години пауза се реализираа археолошки истражувања на „Коколов рид“

од admin_kult

По пауза од 5 години, локалниот археолошки и историски Mузеј „Теракота“ – Виница ги реализираше археолошките истражувања на локалитетот „Коколов рид“ во с. Виничка Кршла.

Раководител на истражувањата беше вишиот кустос археолог Јулијана Иванова, а во стручната екипа учествуваа вработените во Музејот, како и надворешни соработници за документација и стручна  консултација.

– „Коколов рид“ повторно беше во фокусот на интерес на Музејот бидејќи сѐ уште нуди информации што би биле значајни за комплетирање на целосната слика за хронологијата и карактерот на археолошкото наоѓалиште кое е некропола и светилиште – информираат од Музејот „Теракота“. Оттаму додаваат дека истражувањата вршени во текот на оваа година открија нови моменти за периодот на раното бронзено време (втора половина на 3 милениум пр. н. е.) од праисторијата и нови откритија од периодот на 4 век – римски период.

DCIM100MEDIADJI_0160.JPG

– Резултатите од досегашните археолошки и конзеравторски истражувања се презентирани на симпозиуми во државава, во Србија и во Бугарија и се објавени како научни трудови во овие земји и во Португалија – додаваат од Музејот и најавуваат дека во следниот период следува кабинетска обработка на материјалот и превентивна конзервација на дел од керамичките и металните предмети.

Овие археолошки истражувања беа реализирани со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе