Во монтажната галерија во Паркот на франкофонијата утревечер (13 ноември) ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Идентитет“ од Андреј Ѓеоргиевски.
– По повод 77 години од ослободувањето на Скопје, ја имам честа да го одбележам овој ден со мојата прва самостојна изложба. Токму на темата ослободување, преку „Идентитет“, доловувам катарзa над другите наративи – информира авторот Ѓеоргиевски по повод претстојното отворање на изложбата. Тој додава дека проектот е комплексно разнодимензионирано дело кое со својата отворена семантичка структура, го става субјектот во состојба на избор и рефлексија.
Изложбата, која е поддржана од Министерството за култура, за посетителите ќе биде отворена до 22 ноември.