Театар „Комедија“ и Амбасадата на Украина во земјава, најавуваат интензивирање на соработката која предвидува реализација на заеднички проекти, како и премиерни изведби на украински претстави.
Театар „Комедија“, како една од најсериозните театарски институции, на својата публика во иднина ќе ѝ овозможи да проследи претстави на повеќе театарски куќи од Украина.