Културата е најдобар и најраспространет начин за меѓусебно запознавање, истакна министерката за култура, Ирена Стефоска, на денешната средба со амбасадорот на Државата Катар во Република Северна Македонија, Јасим бин Хамид Ал-Тани.
На средбата соговорниците разменија информации и мислења за досегашната соработка на полето на културата меѓу двете земји, како и за можностите за идна соработка. Стана збор и за реализација на повеќе проекти, меѓу кои и одржување на Денови на македонската култура во Катар и Денови на катарската култура во Република Северна Македонија.