Во Букурешт, по кратко боледување, почина Јон Карамитру (79), балканската театарска легенда и прв министер за култура на Романија по падот на Чаушеску. Неговата исклучително богата театарска и филмска биографија, како актер и режисер, ќе остане запаметена и по театарската мрежа НЕТА, која беше формирана по негова иницијатива, во соработка со поранешниот македонски министер за култура, Благој Стефановски, и поранешниот министер за култура на Црна Гора, Бранислав Мичуновиќ-Жага.
Неговата поврзаност со нашата држава остави неизбришливи траги со неговите режисерски креации во Народниот театар во Битола и поголем број претстави на „Охридско лето“.