Завршија археолошките истражувања и конзервацијата на средновековната црква во подножјето на археолошкиот локалитет Цареви Кули во Струмица. Проектот се спроведе под раководство на проф. д-р Трајче Нацев, советник конзерватор, и д-р Душко Цветанов, археолог – виш кустос.
Од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица информираат дека биле извршени археолошки истражувања за потребите на конзерваторските интервенции на средновековната црква во рамките на проектот „Конзервација и реставрација на средновековната црква во подножјето на археолошкиот локалитет Цареви Кули – Струмица“.
Проектот се реализираше во рамките на Годишната програма на НУ Завод и музеј – Струмица, финансирана од Министерството за култура.