Народниот театар во Штип ја приспособи својата сала за лица со физички хендикеп кои се движат со помош на помагала. За таа цел, веќе се обезбедени места за шест колички во првите редови пред бината, од каде што лицата што користат помагала за движење ќе можат да ги следат културните настани. Исто така, за лицата со оштетен слух е поставено ново озвучување и се ангажирани лица, односно тон-мајстори, со цел да оди титлување во живо, со опис на звуци, за да можат и тие да ги следат настаните.
Во објектот на Театарот во Штип се поставени и нова климатизација и озвучување.
Сиве овие инвестиции се од особено значење како за актерите така и за сите љубители на театарските претстави.