Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира дека рокот за доставување апликации во рамките на отворениот повик на УНЕСКО за Програмата за млади професионалци за 2021 година се продолжува до 9 јули 2021 година.
Повикот е достапен на следниот ЛИНК
Националната комисија за УНЕСКО ги охрабрува младите кои сакаат да аплицираат во рамките на отворениот повик, доколку не поседуваат меѓународно признаен сертификат за познавање англиски или француски јазик, да достават друг вид на документ (доказ) со кој се потврдува активното познавање на англискиот или францускиот јазик. Останатата барана документација содржана во повикот останува непроменета.