Заменик –министерот за култура Седат Сулејмани денеска во Гостивар оствари средба со претседателот на Културно-уметничкото друштво „Јахи Хасани“, Зани Мемеди.
„Со претседателот на Културно-уметничко друштво „Јахи Хасани“, Зани Мемеди, разговаравме за активностите на ансамблот, за проблемите со кои се соочуваат, како и за планраните активности во наредниот период. Господин Мемеди ме извести дека и во време на пандемија, ансамблот реализирал многу активности во земјава и во регионот“, рече заменик-министерот Сулејмани.
Културно-уметничкото друштво „Јахи Хасани“ низ годините успешно се грижи за зачувување на традициите, песните и ората на Албанците во Полошкиот Регион, како наследство за идните генерации. За своите активности друштвото е добитник на повеќе награди и признанија, што претставуваат гордост не само за градот Гостивар, туку и за сите Албанци од Северна Македонија.