Во Камерната сала на Филхармонијата вчера се одржа пијано-рецитал со наслов „Клавишите на Арда“, на кој настапи младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу.
Во рамките на програмата беа изведени дела од Хајдн, Скарлати, Шуман и од Брамс.Арда Мустафаоглу е студент на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург. Пијанистичката кариера ја почнал на шестгодишна возраст, а во својата досегашна кариера има освоено голем број награди на меѓународни пијанистички натпревари.