ИН МЕМОРИЈАМ: Почина Борис Ноневски, поранешен директор на Кинотеката

од admin_kult

По долго и тешко боледување, завчера почина Борис Ноневски, политиколог, социолог на културата, истакнат проучувач на кинематографската и историјата на фотографијата на нашите простори, поранешен директор на Кинотеката во Скопје именуван во два мандата на чело на оваа национална институција.

Како директор, Борис Ноневски македонската Кинотека ја унапреди во сите делови на кинотечната активност: зачувувањето на филмското наследство на македонските филмови од браќата Манаки и последоватлните кинематографи, во афирмацијата на тоа наследство, зачленувањето во меѓународните филмско-кинотечки установи, во организирањето научни симпозуми со регионален опфат.

Тој е носител и  на високото одликување на француската влада „Витез во редот на уметностите и литературата“.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе