Кинотеката на Македонија со разновидна филмска програма во февруари

од admin_kult

Сеќавања на старите добри мајстори на филмскиот занает од домашната и од светската кинематографија, увид во поновата домашна и странска продукција, нови остварувања за тинејџерите и за најмладите гледачи, како и потсетување на некои подзаборавени вредности кога филмот во светот – особено Холивуд и независните продукции – трагаше по нови естетски изрази, ќе понуди февруарската програма на Кинотеката што почнува од денеска.

Публиката ќе има можност да ги види филмовите со кои им се оддава почит на режисерот Душан Јовановиќ и на актерот Мустафа Надаревиќ кои починаа неодамна, остварувањата на планетарно познатите Френсис Форд Копола, Хауард Хјуз, Фриц Ланг, Стенли Кјубрик, како и најдоброто европско остварување за 2020 „Уште една тура“ од Томас Винтерберг.

Меѓу другите, на програмата за февруари се филмовите: „Збогум морони“ од Албер Дипонтел и „Ослободување на Скопје“ од Раде Шербеџија, потоа „Илузија“ од Светозар Ристoвски, „Ноќна смена“ од Ан Фонтен, шведскиот „Кралството Шведска“ од Петер Дал, анимираниот руски филм „Фантастичното враќање во Оз“ од режисерот  Фјодор Дмитриев. Од Федерико Фелини ќе биде прикажан „Интервју“, „Сѐ е доволно“ од режисерскиот двоец Илиана Естањол и Јоана Лета, „Рајска птица“ од Кинг Видор, македонскиот „Стела“ од Стојан Вујичиќ што имаше премиера на „Синедејс“, како и „Дедо и внук“ од Илија Пиперковски …

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе