Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица за прва премиера во новата година ја подготви претставата „Гронхолм метод“ работена по истоимениот текст на шпанскиот драматичар Жорди Галсеран.
„Гронхолм метод“ е психолошки трилер кој ја истражува тенката граница меѓу тоа што значи вистина и тоа што значи привид.
Претставата е во режија на Васил Василев од Бугарија, а улогите ги толкуваат Горан Ников, Танкица Стојанова, Игор Тодоров и Ванчо Василев. Сценографијата и плакатот се на Валентин Светозарев, костимите ги подготви Ванчо Василев, а композитор на музиката е Милен Апостолов.