„Гронхолм метод“ по текст на Жорди Галсеран премиерно во Струмичкиот театар

од admin_kult

Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица за прва премиера во новата година ја подготви претставата „Гронхолм метод“ работена по истоимениот текст на шпанскиот драматичар Жорди Галсеран.

„Гронхолм метод“ е психолошки трилер кој ја истражува тенката граница меѓу тоа што значи вистина и тоа што значи привид.

Претставата е во режија на Васил Василев од Бугарија, а улогите ги  толкуваат Горан Ников, Танкица Стојанова, Игор Тодоров и Ванчо Василев. Сценографијата и плакатот се на Валентин Светозарев, костимите ги подготви Ванчо Василев, а композитор на музиката е Милен Апостолов.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе