Делегација на Владата на Република Северна Македонија денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 Декември, Ден на Свети Климент Охридски.
Во чест на Свети Климент, основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“, делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од Никола Димитров, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Ирена Стефоска, министерка за култура и Бујар Османи, министер за надворешни работи, положи свежо цвеќе пред споменикот Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.
Инсерти од положувањето на цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски во Скопје.