Изложба на ромски носии од Скопје и мултимедијална изложба за ромските занаети од антропологот Даниел Петровски беа отворени вчера во Галеријата „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.
Претставени се 15 женски ромски носии, кои се важен сегмент од материјалната култура на Ромите и претставуваат значајно културно наследство, поделени во три дела: носии за секојдневна употреба, празнични носии и свадбени носии.
Станува збор за проект на Здружението „Романо Ило“ од Скопје во соработка со Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје и Музејот на Северна Македонија, а со поддршка од Министерство за култура.
Денеска, пак, од 16 часот, во новиот салон ќе се одржи концерт со теми од ромската музика.