Ве известуваме дека денеска, 26.11.2020 година (четврток) со почеток во 11:00 часот, прес-конференција ќе одржи министерката за култура, Ирена Стефоска. На прес-конференцијата, министерката Стефоска ќе го претстави граѓанскиот буџет на Министерството за култура за 2021 година.Прашањата за оваа прес-конференција може да ги испратите на адресата на Секторот за следење, развој и логистичка поддршка на Министерството за култура на info@kultura.gov.mk најдоцна 30 минути пред почетокот на истата, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака дека прашањето се однесува за оваа прес-конференција.Акредитираните новинари за онлајн видео вклучување ќе имаат можност за учество на прес-конференцијата во живо.
Видео материјалот можете да го преземете од преносот во живо со висока ХД резолуција преку следните линкови:
Прес-конференцијата на македонски јазик: https://youtu.be/JxXF5wBUdPY
Прес-конференцијата на албански јазик: https://youtu.be/Vh4CPMvUamM