„Ретроспективна изложба – 30 години творештво” на ликовниот уметник Нехат Беќири

од admin_kult

Во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам, в четврток (22 декември), во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата  „Ретроспективна изложба – 30 години творештво” на ликовниот уметник и универзитетски професор Нехат Беќири.

Поставката во Чифте амам ќе биде композиција од изложени над стотина слики изработени во техниката акрил на платно од неговиот творечки опус, инсталации и графики. Куратор на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.

Нехат Беќири е роден во Тетово, дипломирал сликарство на Ликовната академија во Приштина во класата на проф. Муслим Мулиќи, каде што и магистрирал во 2001 година. Досега има реализирано над триесет самостојни изложби, учествувал на многубројни ликовни колонии, како и на голем број групни изложби.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе