Во Штип ќе се одржи манифестацијата посветена на Ацо Шопов

од admin_kult

Во изложбениот салон „Галерија 22“ при НУ Центар за култура „Ацо Шопов” – Штип денеска (20 декември) во 12 часот ќе се одржи манифестацијата „Во чест на поетот“.

На манифестацијата ќе биде доделено признанието за афирмација и популаризација на ликот и делото на Ацо Шопов, чиј годинашен добитник е Паскал Гилевски. По доделувањето на признанието, ќе бидат промовирани 10 тома cобрани дела од Раде Силјан. За делaта на Раде Силјан ќе говорат академик Витомир Митевски и д-р Марина Мијаковска.

Манифестацијата „Во чест на поетот“, со изменета содржина, се организира од 1985 година, само три години по смртта на поетскиот великан Ацо Шопов.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе