Во Кинотеката одбележување на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство

од admin_kult

Кинотеката на Северна Македонија денеска (27 октомври) во 12 часот ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со промоција на книгата „Иницијација и покајание – доминантни топоси во наративниот дискурс на рускиот филм во XXI век“ на д-р Атанас Чупоски и со презентација на блуреј-изданието на првиот македонски игран филм „Фросина“ на Воислав Нановиќ.

Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска и директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов, кој е и уредник на изданието.

„Иницијација и покајание…“, во издание на Кинотеката, е филмско-теориско истражување на д-р Чупоски, филмолог-советник во Кинотеката.

Кинотеката годинава ја одбележа 70-годишнината од премиерата на првиот македонски игран филм „Фросина“, снимен во 1952 година, во режија на Војислав Нановиќ, со објавување на блуреј-изданието од филмот. Инаку, нашиот македонски филмски првенец „Фросина“ минатата година беше дигитално реставриран во лабораторијата „Клик филмс“ во Загреб, Хрватска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе