Филхармонијата в сабота, 13 февруари, од 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, кој годинава е насловен „24 илјади бакнежи“.
На програмата се безвремените љубовни песни, како „Еденбакнеж“, „Beautiful Maria“, „Ne me quitte pas“. Насловот на концертот е извлечен од песната „24.000 baci“ која, истотака, ќе биде изведена.
Како солист на концертот ќе настапи нашиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски, кој специјално за овој концерт доаѓа од Италија и младата македонска вокалистка Светланата Јовановска. Ќе настапи и хор, а во рамки на концертот ќе има и балетска точка во изведба на Кала Каревски, во кореографија на Саша Ефтимов.
Концертот ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, една од најнадежните македонски диригенти која своето образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Саша Николовски – Ѓумар, а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев во 2018 година.
Концертите за Денот на вљубените повеќе години се традиционална содржина на Филхармонијата. Концептуално се различно обликувани од стандардната програма и најчесто имаат популарен карактер.