16-то издание на фестивалот за краток филм „Астерфест“

од admin_kult

Под мотото „Нови мотивации“, утре, (петок,13 август) во 20 часот во Амфитеатарот во Струмица започнува шеснаесеттото издание на фестивалот за краток филм „Астерфест“. Годинашен лауреат на наградата „астер“ за животно дело е Јан Качер, еден од најеминентните чешки и европски актери и режисери.

Во официјална интернационална конкуренција се 24 краткометражни играни, документарни и анимирани филмови.

На отворањето на фестивалот, ќе бидат прикажани филмовите „Господата од современа“ на Ана Алексовска, „Конструкт 24“ на Никола Ангелкоски и „И(с)згубени“ на Антонио Вељаноски, а веднаш потоа и седум документарни филмови од категоријата „Астердокс“.

Програмата продолжува в сабота, од 20.30 часот, со проекција на филмовите од категоријата „Глобална фикција“, и в недела, од 20.30 часот, со проекција на филмовите од категоријата „Анимоушн“.

Жирито е составено од режисерите Ено Милкани, Панајотис Краварис и актерката Јулија Милкова.

Фестивалот е поддржан од Општина Струмица.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе