Во Кинотеката на Република Северна Македонија секоја сабота во периодот од 9 април до 11 јуни, од 10 часот, ќе се прикажува по еден филм наменет за младата публика, проследен со дискусија и средба со филмски автор или актер. По проекцијата ќе следува работилницата „Филмска училница“ со режисерката Марија Џиџева.
Филмовите што ќе произлезат од работилницата ќе бидат прикажани во рамките на десеттото издание на „Џифони Македонија“ и заедно со филмовите направени на фестивалот ќе се натпреваруваат за главната награда – професионална камера.
Сите заинтересирани за „Џифони филмски денови“ (Giffoni Movie Days) и за „Филмска училница“ може да се пријават на следниве линкови: https://tinyurl.com/movie-days и https://tinyurl.com/film-classroom
Проектот „Џифони филмски денови“ (Giffoni Movie Days) е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Агенцијата за филм на РСМ и Кинотеката на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.