Ликовна изложба на Друштвото на ликовните уметници – Битола ќе биде отворена на 13 октомври, во 20 часот, во изложбениот салон „Магаза“. Изложбата е насловена „Цртеж, графика и акварел“, а ќе бидат претставени 24 члена на ДЛУБ.
Изложбата ќе биде поставена до 23 октомври.
– Стремежот на изложбата „Цртеж, графика и акварел“ на ДЛУБ кон одомеѓување од конвенцијата на хомогеноста не е само номинален. Еклектицизмот се простира зад (па дури и надвор од) техниките и технето, па така, соодветно разновидни се постулатите, намерите и вредностите на учесниците во оваа изложба. Изразената хетерогеност делумно е скротена со присуството на класични, речиси архетипски мотиви што почиваат, пред сѐ, на силни дразби во хронолошкото време, како што се фасцинација од непосредната околина, физичка и метафизичка, фиксација на личните спомени и личностите патоси, флуктуацијата и нејзиното чувствување, носталгијата и нејзиното чествување – велат од Друштвото.