Филхармонијата в петок ќе гостува во Белград

од admin_kult

Филхармонијата на Северна Македонија в петок, 14 октомври, ќе гостува во Белград.

Имено, диригентот Габриел Бебешелеа ќе го предводи оркестарот во изведувањето на атрактивна програма, а љубителите на пијаното ќе уживаат во настапот на виртуозот Дино Имери со изведбата на „Концерт во бе-мол“ од Чајковски.

Концертот ќе почне во 20 часот во „Големата сала на Коларчевата фондација“ (Велика дворана Коларчеве задужбине).

– Гостувањето на оркестарот од Скопје ја отвора културната размена во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ на полето на симфониската музика – се вели во соопштението на Белградската филхармонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе