По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, кој е еден од најважните културни, научни, јазични и образовни настани за албанскиот народ, денеска, во организација на НУ Музеј на албанската азбука, во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, во 17:00 часот, ќе биде отворена изложбата „АД Астра“ (AD Astra) на ликовниот уметник Валмир Азири.
Одбележувањето на 114-годишнината од „Битолскиот конгрес“, на кој било унифицирано писмото на Албанците, ќе биде заокружено вечер, во 19:00 часот, со целовечерен концерт на членовите на „Ансамблот на албански народни игри и песни“ во Центарот за култура во Битола.