Во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби ќе биде промовирана новата мобилна апликација „Immersium“

од admin_kult

Од 22 до 25 ноември во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби ќе биде промовирана новата мобилна апликација „Immersium“ – интерактивна дигитална алатка која овозможува уникатно културолошкo искуство низ истражување, едукација и забава на археолошкиот локалитет. Влезот е слободен за сите заинтересирани, а активностите ќе се одвиваат од 8 до 15 часот.

– „Спасувајќи го императорот Теодосиј“ (Saving Emperor Theodosius) е приказна преку која ќе се обидеме да го приближиме римскиот град Стоби до неговите посетители. Во улога на посетител на градот, ќе имате можност преку интерактивен водич (кратки игри, квизови, реконструкции) на вашиот мобилен телефон да искусите дел од секојдневието на жителите на Стоби од крајот на 4 век од н. е. (поточно во 388 година од н. е.), што претставува и единствена потврдена посета на римски император во Стоби. Апликацијата е бесплатна и ќе може да ја користи секој посетител на локалитетот – појаснуваат од археолошкиот локалитет Стоби.

Апликацијата е продукт на двегодишен проект (Immersive Storytelling Driven Cooperation for Cultural Heritage Dissemination in the Western Balkans), резултат на соработката меѓу седум институции од пет балкански земји: Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби – Градско (Северна Македонија), Центар за социјални иновации „Блинк 42-21“ (Скопје, Северна Македонија), Универзитет „Аристотел“ (Солун, Грција), Фондација „Балканско наследство“ (Софија, Бугарија), Археолошки институт (Белград, Србија), Градски музеј Љубљана (Љубљана, Словенија) и „Nexto“ (Словенија). Проектот е финансиран од Европската комисија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе