Форум на тема „Кражби на музејски предмети и недозволена трговија со културните добра“ ќе се одржи денеска, (четврток, 7 октомври 2021 г.), со почеток во 12:00 часот во Сули ан.
Целта на форумот, кој е во организација на Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ и Македонскиот национален комитет на ИКОМ, е преку отворена дискусија да се нотираат недостатоците, слабостите и механизмите на превенција и заштита на културното наследство.
За кривично-правниот аспект на заштитата ќе говори јавниот обвинител Маја Коневска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Скопје, додека за „Археологија vs дивокопање“ ќе говори м-р Перо Арџанлиев од НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија. Настанот ќе го води Оливера Џартовска-Тачевска – претседателка на МНК „Син штит“.
Форумот се реализира со поддршка од Министерството за култура.