Театарот „Пи“ од Скопје од 16 до 18 декември 2022 година гостуваше на софискиот Фестивал на авторски театар – ФАТ 2022. Со претставата „Ништо не е страшно“, актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска освоија две награди на Фестивалот, и тоа награда за најдобра режија и награда за синергија за актерска игра за истата претстава, во која учествуваат и лица со интелектуална попреченост од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака од Скопје.
„ФАТ“ е еден од најавтентичните фестивали за авторски театар на Балканот, кој се одржува во Регионалниот центар за современа уметност „Топлоцентрала“ во Софија и е во организација на здружението „Творци“ и Театар „Драмеди“.
На Фестивалот, актерот Златко Митрески одржа театарски работилници за методот и за начинот на создавање авторски театар, а беше претставен документарниот филм на Театарот „Пи“ – „Прозорците што се смеат“.