На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Татко“ на текст од Флоријан Зелер, а во режија на Ненад Витанов.
Главната улога на таткото Андре ја игра актерот Јордан Витанов, во улогата на Ана ќе настапи Маја Љутков, Пјер ќе го глуми Жарко Спасовски, Лора – Славица Манаскова, мажот – Благојчо Стојанов и во улогата на жената ќе настапи Симона Димковска.
Асистент на режија е Кристијан Саздовски, сценографијата е на Филип Коруновски, а костимографијата на Раде Василев. Изборот на музиката го направи Ненад Витанов, фотограф на претставата е Данчо Стефков, технички раководител Никола Игнов, тон-мајстор е Славчо Коцев, гардеробер е Јулијана Ангеловска, а реквизитер е Благој Илиев.
Ова е четвртата премиера годинава во Велешкиот театар.