„Татко“ премиера во Велешкиот театар

од admin_kult

На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Татко“ на текст од  Флоријан Зелер, а во режија на Ненад Витанов.

Главната улога на таткото Андре ја игра актерот Јордан Витанов, во улогата на Ана ќе настапи Маја Љутков, Пјер ќе го глуми Жарко Спасовски, Лора – Славица Манаскова, мажот – Благојчо Стојанов и во  улогата на жената ќе настапи Симона Димковска.

Асистент на режија е Кристијан Саздовски, сценографијата е на Филип Коруновски, а костимографијата на Раде Василев. Изборот на музиката го направи Ненад Витанов, фотограф на претставата е Данчо Стефков, технички раководител Никола Игнов, тон-мајстор е Славчо Коцев, гардеробер е Јулијана Ангеловска, а реквизитер е Благој Илиев.

Ова е четвртата премиера годинава во Велешкиот театар.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе