„Татко на татковината“ е новата премиера во Народниот театар – Битола која ќе биде одиграна на 21 декември во 20 часот. Автор и режисер е Иван Пеновиќ.
Во претставата играат: Никола Пројчевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Мартина Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Сандра Грибовска-Илиевска, Никола Стефанов, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Петар Горко, Соња Ошавкова, Филип Мирчевски и Иван Јерчиќ.
„Татко на татковината” е адаптација на култната драма од Алфред Жари, „Кралот Иби“.
Сценограф е Валентин Светозарев, а костимограф Благој Мицевски.