„За нас почнува живот“ – премиера во Драмскиот театар во Скопје

од admin_kult

На малата сцена во Драмскиот театар, денеска и утре ( 20 и 21 декември), со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „За нас почнува живот“, во режија на Дејан Пројковски.

Претставата е работена според драмскиот текст „Прав“ на унгарскиот автор  Ѓерѓ Шпиро. Улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви.

Костимограф е Марија Пупучевска, а автор на музиката е Горан Трајковски. Асистент на режија е Дамјан Димовски, преводот е на Маја Бражанска, а плакатот и видеото ги изработи Стојан Стојановски.

Претставата е финансиски поддржана од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе