На сцената „Долни Сарај“, во рамките на Српската вечер на „Охридско лето“, вечер од 21 часот ќе настапат српскиот виолинист со светско реноме Стефан Миленковиќ и камерниот ансамбл „Камерата“ од Нови Сад.
Со настапот на Стефан Миленковиќ и изведбата на атрактивниот проект „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во режија на Ана Крстајиќ, Фестивалот „Охридско лето“ ја продолжува традицијата за соработка со Амбасадата на Република Србија во нашата земја.