Проекција на филмот „Џипси квин“ на отворено во Градскиот парк во Скопје

од admin_kult

Институтот „Ромалитико“ вечер организира кино на отворено на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје со проекција на филмот „Џипси квин“ (Gipsy Queen).

– Филмот ја прикажува животната приказна на една мајка која е подготвена да се бори со сѐ само за да обезбеди подобар живот за нејзините две деца. Таа и буквално се бори на боксерски ринг, животен сон кој го потиснува поради традицијата. Проекцијата на филмот, кој е дел и од „Нетфликс“, е прва премиера во земјава –   информираат од Институтот „Ромалитико“.

Оттаму додаваат дека филмот е добитник на многу награди во категоријата „Најдобар филм“ на европско ниво, а актерката Алина Сербан, која во филмот ја толкува главната улога, е повеќекратно наградена во категоријата „Најдобра актерка“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе