Заменик-министерот Даим Лучи денеска ја посети Општина Липково, каде беше пречекан од градоначалникот Еркан Арифи.
Во разговорите за време на средбата на заменик-министерот Лучи и градоначалникот Арифи посебен акцент беше ставен на сферата на културата, а го посетија и домот на културата во с. Матејче чија изградба е во завршна фаза. Двајцата соговорници на крајот потенцираа дека посветено и во иднина ќе продолжат да соработуваат за општо добро на граѓаните.