Претставата „Умри машки“ вчера ја отвори прославата за 128 години театарско живеење во Штип
Поради големиот интерес, претставата ќе се прикаже и денеска, 13 декември. Штипскиот театар ќе ги изведе и претставите „Амбасадор“ и „Пасивно пушење“, на 14, односно на 15 декември.
Следниот ден ќе биде одиграна театарската претстава „Секс и лаги“ во изведба на Театарот „Трајко Прокопиев“ од Куманово, а на 17 декември ќе гостува Турскиот театар од Скопје со претставата „Човек перница“.
Сите претстави почнуваат во 20 часот на сцената на Народниот театар во Штип.