Нацоски и Чамаруги солисти на концертот на Филхармонијата

од admin_kult

Оркестарот на Филхармонијата в четврток, со почеток во 20 часот, ќе го одржи концертот „Сафи“ на кој како солисти ќе настапат нашиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски и пијанистот Лука Чамаруги од Италија.

Диригент е Виктор Митревски, а на програмата се увертирата од операта „Така прават сите“, концертот за пијано и оркестар бр. 18 од Волфганг Амадеус Моцарт, соло песни за тенор и оркестар од Франц Шуберт, како и песни од циклусот „Волшебната хорна на момчето“ од Густав Малер.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе