Со промоцијата на албумот „Здивот на вечната љубов“ од Билјана Петровска, вчеравечер во Делчево беше отворено годинашното „Делчевско културно лето“. Концертот го организираше Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ и е прв од низата концерти во рамките на оваа манифестација.
На концертот настапија: пијанистката Билјана Петровска, флејтистката Марија Јакимовска, кларинетистот Петар Колевски и виолинистот Владимир Крстев. Станува збор за „њу ејџ“ (new age) музика која се изведува на класични инструменти, инспирирана од македонски фолклорни изворни песни.
Делчевското културно лето се реализира со поддршка од Министерството за култура.