Претставници на Советот за културно наследство на Косово, денеска во Министерството за култура се сретнаа со министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Во рамки на Договорот за соработка, претседателката на KCCH, Занита Халими ја информираше министерката за улогата и надлежностите на институцијата што ја води. На средбата стана збор за предизвиците и можностите што ги споделуваат двете земји во областа на зачувување и заштитата на културното наследство, и начините за идна сеопфатна соработка.
Претседателката на КССН и министерката Костадиновска-Стојчевска изразија подготвеност за продлабочување на соработката, како и заедничка организација на идни активности во насока на зачувување и негување на културното наследство.
На средбата присуствуваа и Афет Јашари и Гордан Николов, советници на министерката, Ифета Никочевиќ, потпретседател на KCCH, Премтим Алај, потпретседател на KCCH и Крешник Бајрактари, заменик водач на KCCH.