Се продлабочуваат врските во заштитата помеѓу Северна Македонија и Косово

од admin_kult

Претставници на Советот за културно наследство на Косово, денеска во Министерството за култура се сретнаа со министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во рамки на Договорот за соработка, претседателката на KCCH, Занита Халими ја информираше министерката за улогата и надлежностите на институцијата што ја води. На средбата стана збор за предизвиците и можностите што ги споделуваат двете земји во областа на зачувување и заштитата на културното наследство, и начините за идна сеопфатна соработка.

Претседателката на КССН и министерката Костадиновска-Стојчевска изразија подготвеност за продлабочување на соработката, како и заедничка организација на идни активности во насока на зачувување и негување на културното наследство.

На средбата присуствуваа и Афет Јашари и Гордан Николов, советници на министерката,  Ифета Никочевиќ, потпретседател на KCCH,  Премтим Алај, потпретседател на KCCH и Крешник Бајрактари, заменик водач на KCCH.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе