Во Камерната сала на Филхармонијата вечер ќе одржи рецитал Филип Петрески, еден од најистакнатите млади македонски хармоникаши.
На програмата се дела од: Золотарјов, Албениц, Семјонов, Дога, Зубицки и Пјацола.
Покрај Филип Петрески, на рециталот ќе настапат: Христијана Матеска и Виктор Кулески на хармоника, Александра Чурукоска на контрабас, Марија Ѓошевска и Маријана Николовска на пијано, Марија Трајковска на виолина и Александар Поп-Христов на гитара.