75 години организиран фолклор во Вевчани

од admin_kult

Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани вчера во Домот на културата во Вевчани одржа Свечен јубилеен концерт посветен на „75 години организиран фолклор во Вевчани“. На концертот настапија сите ансамбли на Друштвото: фолклорните, народниот оркестар, пејачката група „Каданка“, а гости на концертот беа членовите на КУД „Илинден“ од Битола.

– КУД „Дримкол“ успеа да го подигне фолклорот на високо ниво со што се гордееме. Ова за нас е чест, но, во исто време, обврска да продолжиме да ја негуваме, развиваме и да ја презентираме фолклорната традиција во Вевчани, низ Македонија и насекаде низ светот – изјави Кирил Бебекоски, член на Управниот одбор на КУД „Дримкол“ од Вевчани.

Концертот  се реализира со поддршка и под покровителство на Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе