Република Северна Македонија на Саемот на книгата во Лајпциг

од admin_kult

Меѓународниот саем на книгата во Лајпциг, Германија, е една од најзначајните книжевни манифестации во Европа, која ги промовира авторите што се претставуваат на Саемот и ги зголемува нивните шанси да бидат преведени на германски, но и на други јазици од светот и од регионот.

На Саемот во Лајпциг, кој по двегодишната пандемиска пауза годинава се одржува од 26 до 30 април, Република Северна Македонија за првпат се претставува со свој штанд заедно со другите членки во рамките на проектот на Европската мрежа за литература и книги „ТРАДУКИ“. Гостин на штандот, кој со поддршка од Министерството за култура е претставен од НУ УБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, е писателот  Живко Грозданоски.

На Саемот, на кој се претставени околу 2 000 изложувачи од 40 земји, ќе се реализираат голем број настани, како: барот за книги, форумот „Отворено општество“ и младинскиот кампус „Универзум“.  

Повеќе информации за Саемот на книгата во Лајпциг се достапни на:

 www.leipziger-buchmesse.de

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе